Оваа недела, на 34 учесници им  беа доделени iTunes сертификати за успешно завршување на курсот по историја на уметност, кој што беше организиран во партнерство со Фондацијата Историја на уметноста (HOAF) од Барселона и  училиштето за јазично образование ZaZa, под покровителство на Уметничката академија.

Овој модул се фокусираше на улогата на уметностите во различните култури, историскиот развој на уметностите и културните вредности. Со комбинација на вовед во историјата на уметноста и интерактивните работилници , учесниците ги научија како да ги разоткриваат културните кодови во светот на глобализацијата.

Во период од пет месеци, младите изучуваа за античката грчка, египетска, римска и средновековна уметност. Ги проучуваа периодите на ренесанса и барок, и се запознааа со најголемите светски композитори и операска и  балетската историја.

Наставниците по англиски јазик, користејќи ги темите во модулот Уметничка академија, преку интерактивни едукативни вежби им овозможија унапредување на нивното познавање на англиски јазик и усовршување на говорните вештини. Часовите беа засновани на активна онлајн комуникација помеѓу учениците и наставниците.

Часовите опфатија и неколку теми за градење на мотивациски вештини кај учениците, со цел да ги направат посвесни за своите таленти и способности, како и секогаш да даваат се од себе и да се стремат кон успех.

Часовите на Уметничката академија вклучуваа:

  • Модул за разговор за зајакнување на вокабуларот научен одпретходните часови
  • Вовед во новиот историски период и новите зборови
  • Слушање и читање: уредување видео за историјата на уметноста
  • Квиз на воведената тема
  • Резиме на часот

Оваа јазична и уметничка соработка беше дизајнирана да придонесе кон создавањето на глобална виртуелна галерија наречена СРЕЌА. Како резултат, шестмина учесници ги испратија своите уметнички дела до галеријата СААС во Лондон и нивните дела беа изложени заедно со други млади уметници ширум светот.

Коментирајќи го своето искуств, Сандра Ноеми Перез, едукатор од Гватемала, рече:

“Освен подобрување на вештините по англиски јазик, за време на часовите можеше да се види како децата учат за уметноста од глобална перспектива. Тие беа во можност да патуваат низ античко време и да видат култури за кои не претпоставуваа дека постојат. Бев сведок на резултатите од Уметничката академија за време на културното патување во Антигва и Гватемала Сити. Во музејот, момчињата ја споредуваа уметноста изучувана на часот со уметничките дела на Гватемала изложени во музејот.”

0

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT