Македонските учесници во @creative.fellowship програмата, имаа неверојатна прилика да се запознаат со овогодишниот македонски претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев.

Минатата недела, во текот на виртуелното дружење, нашите учесниците разговараа со нашиот евровизиски претставник за можностите и предизвиците што ги нуди уметничката кариера.  Васил, како што и пее во неговата “Here I Stand”, застана пред децата, ги прегрна и им ги одврза кријлата, споделувајќи го своето неверојатно искуство. Им даде инспирација и охрабрување на младите таленти да веруваат со себе, секогаш да бидат искрени и да продолжат да го негуваат и развиваат својот талент.

Уживавме во разговорот и толку многу работи чувме и научивме од него. Да веруваме со себе, да работиме на себе и да го слушаме својот внатрешен глас. Ми даде мотивација за да си ги остварувам моите соништа,” сподели еден од учесниците на @creative.fellowship.

Васил на музичкта сцена е уште од мали нозе. Почнувајќи од фестивалот Златно славејче, светски познатиот детски хор во Чикаго, па сè до најголемите музички меѓународни сцени. Образованието по соло и оперско пеење го стекнува на едни од најпрестижните музички школи во светот, Академијата Лирика во Милано, Кралскиот музички конзерваториум и Оперската школа во Торонто.

Ми беше чест што можев да разговарам со младата генерација на таленти. Да го споделам со нив мојот живот, моето искуство и да им дадам совети од моето музичко патување, кое што трае веќе 28 години. Особено ми е драго што ги слушнав нивните приказни и идни планови, кои што ми потврдија дека омразата ќе ја надвладееме со љубов, позитивна енергија и музика,” изјави Васил.

Од разговорот, учесниците дознаа дека треба дека треба да се работи напорно и да не гледаат на препреките на патот како неуспеси, туку како мотив да го покажат она што го  умеат. Васил ја заврши Q&A сесијата со многу моќна порака: “Секој сон може да се оствари, ако се осмелиме искрено да веруваме во она што го посакуваме!”.

0

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT