@creative.fellowship е волонтерска заедница на филантропи, едукатори и креативни професионалци во областа на операта, балетот, театарот, класичната музика, визуелна и применета уметност кои го посветуваат своето врема за споделување на вештини и искуства, поддршка на младите уметници и промовирање на уметноста помеѓу новите генерации, правејќи ги класиците подостапни и разбирливи.

За иницијативата @Creative.fellowship

@Creative.fellowship едукативната иницијатива се спроведува  во рамките на партнерството со светски познатиот Салцбуршки фестивал. Промовира развој на вештини и компетенции кои ја стимулираат креативноста, но исто така стимулираат и квалитет, иновација и признавање на трудот на младите и поддршка на нивната кретивност, а со тоа придонесува за подобар квалитет на живот во земјите со помалку развиена економија.

Стипендиската програмата за прв пат беше воведена во 2017 година, како 8-месечна едукативна активност, која што  вклучуваше виртуелни часови по англиски јазик и патување до оперскиот камп на Салцбуршкиот фестивал за најистакнатите ученици. Програмата е дизајнирана за да им помогне на финалистите лесно да се прилагодат на нивното патување во странство и опфаќа не само основни теми за преживување, како што се патувања, храна, здравје, итн., туку и разновидни теми поврзани со музика, театар и опера. За време на курост по англиски јазик, можност да се поврзат со своите колеги од другите земји и да разговараат и разменат мислења за предизвиците и очекувањата од програмата. Над 200 кандидати го завршија своето јазично образование, од кои што 18 од нив беа дел од оперските кампови за деца и млади на Слацбуршкиот фестивал,  3 од нив избраа професија поврзана со предметите со кои што се запознаа преку овој стипендиски проект.

Во 2020 година, за одбележувањето на 100-тиот роденден на најголемиот летен оперски фестивал во Европа, организаторите го проширија опсегот на стипендиската програмата и ги примија сите талентирани млади жители кои што аплицираа за стипедијата, од регионите каде што работи донаторската компанија, односно Радовиш, Штип и Конче (Северна Македонија), Ел Естор (Гватемала) и Кировоградски (Украина).

Дигитализацијата на програмата додава уште една суштинска перспектива за младите учесници, но и за наставниците, бидејќи во новиот формат имаат можност да се здобијат со технички и професионлани  вештини, кои што се релевантни за подобро вработување, пристојни работни места и претприемништво. Програмата им нуди на учесниците компјутерска писменост, вмрежување и часови по англиски јазик.

https://solwaygroup.com/musiccamp/

Донатор: Солвеј Инвестмент Груп

Главен партнер: Салцбуршки фестивал

Едукативни партнери: ZaZa школо за јазици, Фондација историја на уметност  во Барселона (HOAF)

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT