Минатиот викенд, учесниците на проектот од Северна Македонија, Украина и Гватемала отидоа на своите први патувања низ културата во главните градови на нивните земји.

Иако патувањата во секоја земја имаа малку различни патишта, сите тие ја исполнија својата цел: да го прослават успешното завршување и да ги зајакнат знаењата што ги стекнаа на часовите по англиски јазик и уметност.

Во Северна Македонија, учесниците го посетија главниот град Скопје, каде што имаа организирано приватна турнеја низ Македонскиот народен театар и музејот на современа уметност. Истражуваа  како функционира операта од другата страна на завесата и имаа можност да настапат на главната сцена во земјата! Македонскиот координатор на програмата @ creative.fellowship, Кристина Крстева, беше воодушевена од новите пријателства меѓу соработниците:

„Навистина уникатно искуство! За некои од учесниците, ова беше прва посета  на музеј и театар. Пријатно беше да се види како децата,  кои што претходно само виртуелно се сретнале, веднаш се поврзаа едни со други како да се познавале подолго време. Гледајќи како веднаш кликнаа, сфаќате дека програмата навистина создава посебна заедница, обединета од заеднички интереси со вистинско чувство за пријателство “.

Во Украина, Одеса беше избрана за културна дестинација за креативните учесници. Изборот се засноваше првенствено на градското културно и архитектонско наследство и посета на сцената до локалната оперска куќа. Прво, соработниците имаа воведна тура низ градот, која честопати се нарекува „Бисер на Црното Море“. Подоцна, тие имаа можност да ги посетат скриените агли на локалната оперска сцена. Потсетувајќи се на патувањето, Марија Јароцка, регионален координатор за Украина, рече:

„Ова патување беше многу забавно, особено после едногодишно онлајн учење. Важно беше сучесниците да излезат од нивните меурчиња и да доживеат нешто ново. За мене, запознавањето на следната генерација културно љубопитни луѓе и гледањето на светот низ нивните очи беше многу освежувачко искуство. По ова патување, сигурна сум дека тоа ќе имаме навистина многу храбри идни генерации “.

Гватемала беше наградена со најобемната маршрута, која што опфати посети на стариот (Антигва) и новиот (Гватемала) главен град на земјата, обиколки низ Музејот Жаде и Музејот на современа уметност, како и работилница за правење чоколада во малата фабрика за чоколади.

Кимберли Серон Гил , 2017 @cretive.fellowship им се придружи на учесниците оваа година како асистент за настава при патувањето. Како поранешна колешка, Кимберли беше среќна што се врати во програмата и искуси тотално ново искуство од перспективата на лидерскиот тим.

„Одењето на културно патување беше возбудливо и искуство што ми го промени животот. Многу од децата никогаш не чуле за стариот главен град на Гватемала, Антигва, и никогаш порано не биле во музеј. Беше воодушевувачки да види како го споредуваат она што го научиле на часови по модерната уметност, со тоа што го видоа во музејот! Потполно ново и возбудливо искуство за нив. Уште во 2017 година, кога ја освоив стипендијата и отидов во Салцбург, животот ми се промени. Откако го завршив предизвикот и отидов во Салцбург, донесов одлука да станам наставник по англиски јазик. Мислам дека, во овие пандемски времиња, искуството што го добија учесниците преку посетата во Антигва и Гватемала, ќе им биде и ним една животна пресвртница “, објасни Кимберли, споделувајќи ги своите впечатоци од патувањето.

0

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT