ШТО Е @CREATIVE.FELLOWSHIP?

Дали сакате да се придружите во нашиот глобален уметнички  перформанс?
@creative.fellowship нуди забавни и корисни алатки, кои ќе  ја потикнат вашата имагинацијата и ќе ве поддржат во вашиот пат кон успехот. Шоуто за таленти е можност за сите креативни тинејџери да го покажат и откријат својот вроден талент.
Ова е вашата шанса да се покажете.

Це твій шанс засяяти.

ШТО НУДИМЕ?

Образование и контакти со експерти

100 онлајн часови по англиски јазик, предавани од локален наставник по англиски јазик и наставник на кој што англискиот јазик му е мајчин јази, вклучително и придружни материјали и помагала за учење.
40 онлјан часови по историја на уметност и занаетчиство
40 мастер клас часови по движења и танц, предводени од меѓународно признат кореограф
4 средби со познати личности од сценската уметност

Социјализација

Колаборативно креирање на меѓународна онлајн изведба под туторство на меѓународниот тим од изведувачки професионалци.
Патување во Салцбург и учество во изведба на меѓународниот оперски камп.

Портфолио на остварени перформанси

Учествувајте  во финалниот видео перформанс, за да го започнете вашето портфолио.
Ние ви нудиме образование и  забавно искуство во висина од 3.600 € по учесник.

ШТО ДОБИВАТЕ?

Унапредување на вашето познавање на англискиот јазик и способност и самодоверба, слободно да комуницирате на англиски јазик.
Техники и вештини кои ќе ви помогнат да го покажете вашиот талент и слободно и сигурно да чекорите по вашиот пат кон успехот.
Ексклузивен пристап и лични средби со светски познати личности.
Можност за соработка со едни од најдобрите ментори од целиот свет.

КОЛКУ ДОЛГО КЕ ТРАЕ ПРОЕКТОТ?
ПРВ ИЗБОРЕН КРУГ

Датум: 16 јануари – 15 февруари 2022 година
Времетрање на часовите – 90 минути.
Часови по англиски јазик: три пати неделно.

ВТОР ИЗБОРЕН КРУГ

Датум: 15 февруари – 15 април 2022 година
Времетрање на часовите – 90 минути
Часови по англиски јазик: двапати неделно.
Уметничка академија: една час неделно.

ТРЕТ ИЗБОРЕН КРУГ

Датум: 15 април – 7 јули 2022 година
Сите часови се во времетраење од 90 минути.
Часови по англиски јазик: Еден час неделно.
Уметничка академија: Еден час неделно.
Перформанс интерактивни работилници: Еден час неделно.

ФЕНАЛЕН ПЕРФРМАНС

Датум: 8 јули – 15 јули 2022 година
Еднонеделно подготвување и снимање на видео за финалниот перформанс.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ?

Ќе добиете:

Сертификат за напредно познавање на англискиот јазик.
Сертификат за „Вовед во историјата на уметноста“.

Активно учество во:

Изложба насловена како „Виртуелен музеј“, чиј домаќин е светски познатата галеријата за современа уметност SAAS со седиште во Лондон, Велика Британија.
Колаборативна видео изведба на музичко/танцувачки перформанс

**Само жителите од Северна Македонија, Украина и Гватемала на означени возраст имаат право да аплицираат за програмата.

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT