Втор пат по ред млади таленти од Радовиш ќе ја претставуваат Македонија во Салзбург на Оперскиот камп за деца и младинци. Оваа година Организационата Комисија за музичката стипендија “Солвеј” и Почитуваната жири комисија на Салзбуршкиот фестивал ги одбраа Верче Андонова и Костадин Атанасов да бидат дел од едно од најфасцинантните музички патувања во Европа.

Кампот е организиран од страна на Фондот на Салзбуршкиот Фестивал во соработка со Виенската Филхармонија и поддршка од Американско-австриската фондација (ААФ) и ќе се одвива од 6ти до 12ти Август, 2018, во ШлосАренберг, палата од деветнаесеттиот век сместена во живописната селска област во близина на градот.

За да се стекнат со правото да ја претставуваат својата земја на Меѓународниот музички настан за млади креативци, Верче Андонова и Костадин Атанасов учествуваа во процесот на пријавување за Програмата за Музичка стипендија “Солвеј” којшто се состоеше од две фази на елиминација. Како дел од втората фаза на елиминација кандидатите посетуваа 24-неделен курс по Англиски јазик којшто траеше од јануари до сега, во нивното место на живеење. Повеќе од 60 млади таленти, на возраст од 13 до 16 години од Македонија, Украина и Гватемала пројавија интерес да се пријават за оваа стипендија, а од нив 24 беа избрани да го продолжат своето патување до Ѕвездите после првата фаза на елиминација, а само на 6 (по двајца од секоја од трите држави) им беше доделена целосната стипендија со којашто се покриени трошоците за патување со авион и виза, сместување, како и едукативни и забавни активности во текот на нивниот престој во Салзбург.

Во финалната фаза на елиминација кандидатите за Програмата за стипендија требаше да направат видео во времетраење од 90 секунди, на англиски јазик, и да ги прикажат своите таленти во музичка изведба/ пеење/ танцување/ цртање или создавање на некоја применета уметност, и да опишат зошто ја одбрале токму оваа уметничка дисциплина. Победниците беа избрани со едногласна одлука од жирито претставувани од Фондот на Салзбуршкиот Фестивал, креативните тимови Оперските кампови, и претседателот на Одборот на Инвестиционата Групација Солвеј. Одлуката на жирито беше донесена според одредени критериуми кои ги земаа во предвид креативноста на кандидатот, нивните комуникациски вештини, нивната вклученост во процесот на изучување јазикот за време на втората фаза на елиминација, како и нивното ниво на познавање на Англискиот јазик.

Победниците ќе поминат една недела без нивните родители во замокот Аренберг, поставувајќи ја на сцена нивната уникатна верзија на операта “Басаридс”, којашто ќе биде изведена на фестивалот, а за сето тоа време ќе работат со светски-познати едукатори, театарски професионалци, дизајнери на сцена и танчери. Исто така тие ќе присуствуваат и на пробата на операта, а ќе видат и што се случува зад сцената во Grosses Festspielhaus во Hofstallgasse. На крајот од неделата учесниците ќе ја прикажат нивната опера пред вистинска публика.

Специјалната награда од жирито – еден месец бесплатни интензивни часови по Англиски јазик – и беше доделена на уште една кандидатка од Радовиш, Наталија Ристова, за нејзините одлични академски постигнувања, желба за учење и креативен пристап.

Белешка од уредникот

Меѓународната програма за музичка стипендија Солвеј за млади креативни ученици на возраст од 14 до 17 години е сопствена иницијатива на компанијата Солвеј (Solway Investment Group), меѓународна групација за рударство и метали со седиште во Швајцарија. Програмата за музичка стипендија Солвеј е создадена со цел да ја продлабочи посветеноста на компанијата во обезбедување пристап кон уметностите на млади талентирани ученици. Со оваа програма младите талентирани ученици, од економски недоволно развиените региони каде што работи оваа групација, добиваат шанса да бидат дел од светски најпознатиот класичен фестивал , со тоа што ќе учествуваат во Салзбуршкиот оперски камп за деца и младинци. Солвеј нуди 6-месечна образовна програма која има цел да ги вклучи младите креативци од локалните заедници во модерниот живот преку доживување на уметностите и прилагодување на нивните културни традиции кон реалноста што ја нуди модерниот свет. Стипендијата Солвеј им е понудена на младите членови од фамилиите на вработените во групацијата, во Украина, Македонија и Гватемала. Како резултат на процесот на елиминација од два дела, најдобрите талентирани ученици ќе добијат можност да бидат дел од меѓународната средина на музичкиот камп во Салзбург. Ако сакате да ја гледате изведбата на победниците, ве молиме посетете ја веб страната https://solwaygroup.com/musiccamp/macedonia-final-2018/, а ако сте заинтересирани да дознаете нешто повеќе за самиот проект ве молиме следете на профилот @creativefellowshipInstagram.

0

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

© 2019 SOLWAY MUSIC FELLOWSHIP PROGRAM
CREATED BY DOT SHOT