Верче Андонова е една од финалистите кои беа избрани за учество во Програмата за Музичката стипендија Солвеј во Салцбург, Австрија.

04 октомври 2018

Верче Андонова е една од финалистите кои беа избрани за учество во Програмата за Музичката стипендија Солвеј во Салцбург, Австрија. Благодарение на нејзиниот талент и посветеноста на музиката, имаше можност преку едно доживотно искуство да се усоврши и доразвие во насока на уметноста.   Младата талентирана радовишанка, ја претставуваше Македонија на меѓународниот музички камп за млади креативни таленти. Како минатогодишен учесник во кампот и претставник на Македонија во Салцбург, ќе ни раскаже за нејзиното фасцинантно патување и искуство кое го стекнала во кампот на Програмата за Музичката стипендија Солвеј. Кои се нејзините впечатоци од посетата на градот на Моцарт, како е чувството да го представиш својот талент, да им се придружиш на звездите… Верче ќе ни каже какво е чувството, кога си избран да бидеш дел од една ваква незаборавна образовна програма.

Кога и како започна да учиш за музиката? Кој те запозна?

– Почнав да одам во музичко училиште кога имав 7 години, Мојата желба дојде одеднаш и се запишав сама, без да знаат моите родители.

Зошто одлучи да се пријавиш за стипендија за музика на Солвеј?

– За кампот дознав во училиштето и ме заинтересира, па затоа и се пријавив.

Која беше најголемата тешкотија во процесот на аплицирање и изборот?

– Некако ми беше тешко да го снимам видеото.

Зошто мислиш дека е неопходно да се потроши толку многу време за учење на англиски јазик?

– Да бидам искрена во почетокот, мислев дека ќе биде покорисно да имаме часови по германски јазик, а не на англиски, бидејќи кампот се одржа во Австрија, но кога отидов таму всушност сфатив дека тоа е вистинскиот избор, бидејќи има деца од различни земји и комунициравме едни со други на англиски јазик и со нашите менаџери исто така. Всушност, времето што го поминав за да го научам англискиот, беше многу корисно, се разбира и за во иднина, бидејќи многу го подобрив мојот англиски.

Која беше твојата реакција, кога дозна дека си избрана за да ја претставуваш Македонија во кампот во Салцбург?

– Бев пресреќена и возбудена и бев нестрплива да заминам што е можно поскоро.

Како реагираа твоите пријатели и семејството?

– Сите беа среќни за мене, заедно со мене ја делеја мојата возбуда.

Што очекувавше од патувањето до Салцбург?

– Очекував нови познаници, нови искуства и забава.

Што ново научи од твоето патување во Салцбург?

– Работевме со професионалци, па научив многу нови работи во областа на актерството, научив повеќе за другите земји од пријателите таму и го подобрив мојот англиски јазик.

Што научив од учеството во Кампот на Музичка Стипендија Солвеј?

– Како што споменав претходно, научив многу нови работи за актерството, бидејќи овде во Македонија активно се знимавам музика и балет, но ретко со актерство.

Кажи ни малку повеќе за вашата дневна рутина во кампот? Што правевте ден по ден? Запознавте ли познати пејачи, музичари, режисери, кореографи, сценографи и сл.во текот на престојот во кампот? Какви беа вашите вечери?

– Како и во секоој камп, така и во овој имаше специлајни правила, како станување рано наутро, одземање на телефоните, што прво на мене ми звучеше застрашувачки делот со зимањето на телефоните, но уставри беше многу корисно. Немавм епотреба од нашите телефони, ние се дружевме меѓусебно, наместо на се дружиме со нашите телефони. Имавме различна програма секој ден и беме поделени во групи според нашиот талент. Имавме специјлани часови каде што работевме н асцена по 6-7 часа на ден, но беше многу интересно, корисно и забавно за мене, иако можебни да звучи многу 7 часа, но сите професори се многу фини, позиитвни и професионлаци и времето н ачасовите ми минуваше многу брзо. Исто така, присуствувавме н апрофесионална опера, кое за мене беше прекрасно искиство и ние таму во кампот таа опера ја поставувме, само скратена верзија.

Што најмногу од се те импресионира во Салцбург или во Австрија?

– Австрија е прекрасна земја. Салцбург е прекрасен град и за мене тоа е најубавиот град во Австрија, најмногу од сè ми се допаѓа архитектурата на градот и панорамата од замокот, ја обожавам.

Дали патувањето ги исполни твоите очекувања? Што би сакакала да зси знаела пред да заминеш?

– Морам да кажам дека бев многу задоволно што бев избран и сите мои очекувања беа постигнати.

Дали патување во Салцбург и Програмата на Кампот на Музичка Стипендија Солвеј ти го променија начиот на размислување и твојот поглед на тоа како функционира светот? Дали имаше влијае на некој од твоитр животни планови?

– Да тотално. Прво, мислењата на различни луѓе од различни земји дејствуваат врз вас. Професионалната работа и позитивната енергија, исто така, ме натераа секојдневно да се чувствувам среќно и задоволно. Исто така сфатив дека работата во која инвестирав со години навистина ме прави среќна и ќе продолжам.

Што би сакале правиш иднина и зошто?

– Имам свои соништа, но не кажувам на никого, ќе ги чувам за себе. Се разбира дека ќе продолжам да се занимавам со музика, бидејќи таа е дел од мојот секојдневен живот.

Што би им препорачал на следните генерации кандидати за Програмата на Кампот на Музичка Стипендија Солвеј? Зошто мислиш дека е важно младите да учествуваат во такви програми?

– Ви препорачувам на сите кои имаат желба да аплицираат без двоумење затоа што нема да се покајат. Програмата е многу интересна, едукативна и корисна.

Што би сакала да им кажеш на родителите на апликантите од 2019 година?

– Кампот е безбеден и многу добро за секое дете да го доживее. Имам огромна желба повторно да бидам дел од стипендијата на музичкиот камп Солвеј и ако вашето дете има шанса да биде дел од него – нека оди. Си поминав многу убаво и ако би имала шанса повторно би сакала да одам, сакам да го повторам тоа големо искуство.

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT