Триесет и седум кандидати од Македонија, Гватемала и Украина го започнаа изучувањето на англискиот јазик како втор чекор во нивниот пат кон Успехот –  еднонеделно патување  и учество на меѓународниот музички камп за креативни младинци во Салзбург.

За да се квалификуваат во изборот, во првата фаза на Програмата за стипендија децата на вработените во компаниите – ограноци на СОЛВЕЈ, како и други ученици од уметнички групи и образовни институции поддржани од СОЛВЕЈ Групацијата, кои имаат таленти во музика, применета уметност, театар, или некој друг вид креативна изведба, требаше да направат видео во времетраење од 90 секунди во кое ги прикажуваат своите креативни вештини и да го достават заедно со апликацијата до Организационата комисија на програмата за стипендии.

Според организаторите, кандидатите во 2018 покажале извонредни таленти не само во оперско и хорско пеење, туку и во свирење хармоника, флејта, труба, маримба, електрична гитара и пиано.

Сите оние коишто детално ги следеле упатствата за пријавување беа примени како кандидати за Стипендијата и им беше доделено место во ЗаЗа училиштето за виртуелни часови за изучување на англискиот јазик. Часовите ќе се одвиваат преку Скајп три пати неделно, од февруари 2018 до мај 2018. За време на нивното изучување на англискиот јазик кандидатите за стипендијата Солвеј имаат шанса да контактираат со другите кандидати од другите земји и да дискутираат за предизвиците и очекувањата од Програмата.

За да го завршат овој чекор од програмата кандидатите се должни да посетуваат најмалку 80% од часовите месечно и да покажат високо ниво на академско постигнување.

За да бидат примени во финалната фаза на изборот секој кандидат ќе треба да и испрати на Организационата комисија видео во времетраење од 90 секунди, во кое ќе се претстават себеси, ќе ги покажат своите креативни вештини, и ќе зборуваат за своите очекувања од кампот на Англиски јазик.

Салзбуршкиот Фестивал и Креативниот тим на Музичките кампови заедно со Претседателот на Изборниот одбор на Групацијата Солвеј Инвестмент ќе изберат 6 финалисти – по двајца од секоја држава. Тие ќе станат стипендисти и ќе можат да учествуваат во младинските музички кампови во Салзбург.

Жирито ќе ги избере стипендистите врз основа на квалитетот на нивната приказна, степенот на ентузијазам и вклученост во училиштето за изучување на англискиот јазик, нивното ниво на познавање на англискиот јазик, нивната креативност, нивната вештина и нивното уметничко, театарско и музичко изразување, доколку го поседуваат.

0

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT