Глорија Велкова и Елена Наумова добија стипендии за учество во активностите на Jung&Jed*r, дел од Салцбуршкиот фестивал, во рамките @creative.fellowship – програма за талентирани деца од руралните области на Северна Македонија, Украина и Гватемала.

Глорија успешно ги заврши сите 4 модули (англиски јазик, уметничка академија, изложба на тема СРЕЌА и танцувачка резиденција), со вкупен резултат од 1620 поени. Во Салцбург, таа ќе има можност да биде дел од активностите на Салцбуршкиот фестивал, ќе присуствува на проби предводени од професионалци, ќе биде дел од Jung&Jed*r програмата и од работилницата за млади пејачи.

Од страна на Салцбуршкиот фестивал, Елена Наумова, беше поканета да биде дел од  работилницата за млади пејачи. Елена изучува оперско пеење скоро 6 години во нејзиниот роден град. Нејзиниот талент беше забележан од страна на експертите и покрај учеството во работилницата за млади пејачи, таа ќе има можност да работи со еден тренерите на Фестивалот.

Со цел да се исполнат дадените ветувањата на учениците од 2020 година, тимот на Салцбуршкиот фестивал организираше еднонеделно патување до кампот Intoleranza за Богдан Манита и Денис Лопушански (Украина), Тамара Велкова и Драган Петров (Северна Македонија). Поради пандемските ограничувања, минатогодишни победници од Гватемала  Рошел Рамос Перез и Герти Ено Леал не можат да патуваат во Австрија. Наместо тоа, тие беа поканети да учествуваат во локалното културно патување во Антигва и Гватемала, кое што се одржа минатиот месец.

0

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT