Solway Investment Group, како дел од програмата за општествена одговорност во 2017 година овозможува добивање на меѓународна стипендија за деца на вработени во претпријатијата на Групацијата, како и за учениците од креативни училишта и уметнички групи, што се на возраст од 14 до 17 години.

 Меѓународната стипендија Solway ќе биде доделена на вкупно 6 финалисти (по 2 финалисти од секоја земја) за учество на музикиот камп за млади. Елиминирањето ќе се изврши од страна на претходно донесена одлука на жирито. Имено, жирито е составено од претставници од Salzburg Festival Fund, креативниот тим на оперскиот камп и Претседателот на управниот одбор на Solway Investment Group.

Учесниците ќе имаат можност да поминат една недела без родителите во замокот Салцбург. Ќе имаат прилика да ја посетат пробата и да одат зад сцената во театарот на Баден-Баден . На крајот на таа недела учесниците ќе ги презентираат своите опери на публиката.

Меѓународниот  оперски камп за тинејџери 14-17 години ќе се одржи во последната недела од јули и ќе трае првата недела од август.

Елиминациони кругови ќе се одржат во Украина, Македонија и Гватемала, односно во градовите каде што се наоѓаат претставништвата на Solway Investment Group.

Поднесувањето на апликациите започнува од 10-ти ноември и ќе трае до 5-ти декември, 2016 год.

За повеќе информации во врска со целосната програма и аплицирање на истата, посетете ја нашата веб-страна: https://solwaygroup.com/musiccamp/

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT