Стипендиската програма SOLWAY за млади учесници на музичкиот камп ќе биде доделена на вкупно 6 финалисти (по двајца финалисти од секоја земја) по основа на заедничка одлука на жирито.

Елиминацијата ќе се врши во претставништвата на Solway групациите во Украина, Македонија и Гватемала.
Децата на вработените во Solway групациите, како и учениците кои се на возраст од 14 до 17 години кои доаѓаат од уметничките училишта што се спонзорирани од истата групација се исто така квалификувани да учествуваат во програмата.

Стипендиската програма ги покрива следниве трошоци:

  • Такса за добивање шенген виза (за деца кои бараат виза за влез во Австрија)
  • Патување со авион во придружба на вработените во авиокомпанијата (види малолетно лице без придружба – за патните регулативи кликнете тука http://www.airsafe.com/kidsafe/kidrules.htm или вo одговорните сервиси на авиокомпаниите)
  • Трансфер од / до аеродромот во Салцбург до местото на кампот
  • Надомест за сместување
  • Здравствено осигурување на патникот
  • 3 оброци
  • Обезбедување на локална мобилна врска со регионалниот координатор на програмата
  • 24/7 асистенција на учесниците од страна на регионалниот координатор

Стипендиската програма не ги покрива следниве трошоци:

  • Транспорт до аеродромот во резидентната земја
  • Обезбедување на патна исправа (пасош)
  • Меѓународни разговори, пораки и трансфер на средства
@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT