Виртуелен глобален перформанс – стипендија за 2021

@Creative.fellowship иницијативата  е во потрага по млади креативни таленти кои сакаат да го развијат својот потенцијал, сакаат да настапуваат и да учествуваат во виртуелниот глобален перформанс овозможен од @ Cretive.fellowship. Без разлика дали пеете, танцувате, свирите на инструмент, жонглирате, изведувате акробатски или магионичарски трикови, цртате, дизајнирате костуми или поседувате некаков друг уникатен талент, ние сакаме да ни го покажете!

@Creative.fellowship не е натпревар, туку претставува уникатна прилика преку која што локалните тинејџери имаат можност да го покажат својот извонреден талент и шанса да бидат дел од еден голем интернационален проект.

@Creative.fellowship овозможува унапредување на вештините и знаењата и ги поддржува креативните тинејџери на нивниот пат кон успехот.

Децениски истражувања покажаа дека уметноста може да ви помогне да станете поангажирани, поотпорни и подобро да се справите со животните предизвици.

Creative.fellowship е виртуелен безбеден простор, преку кој што  млади надежни уметници имаат можност да го покажат својот талент! Исто така е и место во кое што можете да пронајдете истомисленици од различни земји и да стекнете нови доживотни интернационални пријателства и во време на карантин.

Creative.fellowship не е само начин да влезете во глобалната заедница и да стекнете нови пријатели ширум светот, истовремено претставува и безбеден, едукативен и забавен начин да научите за културите, да се поврзете со многу уметнички професионалци кои ќе ви посветат внимание и ќе ви пренесат дел од нивното искуство и ќе ве научат како да бидете најдобри во она што го правите.

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT