МЕЃУНАРОДНАТА СТИПЕНДИЈА SOLWAY
ЗА ЧЛЕНОВИ НА МЛАДИНСКИОТ УМЕТНИЧКИ КАМП
СЕ ДОДЕЛУВА ПО ОСНОВ НА ДОНЕСЕНА ОДЛУКА ОД СТРАНА НА ЖИРИТО. ЖИРИТО ГО СОЧИНУВААТ ПРЕТСТАВНИЦИ
ОД SALZBURG FESTIVAL FUND И КРЕАТИВНИОТ ТИМ
НА OPERA CAMPS.

 

 

 

Меѓународната стипендиска програма на Solway за младите кандидати за музичкиот камп се доделува со заедничка одлука на жирито. Жирито е претставувано од Salzburg Festival, креативниот тим на Opera Camps,и претседателот на одборот на Solway Investment Group.

Изборите ќе се одржуваат градовите во Украина, Македонија и Гватемала, каде што групацијата Solway има свои фирми-претставници.

Децата на вработените во овие фирми, како и ученици од уметнички групи и образовни институции, подржани од страна на групацијата Solway, кои имаат вештини во музика, применета уметност, театар (глума), или било каков друг вид на креативна изведба може да се пријават за да земат учество во изборниот дел. Возраста на учесниците треба да биде во границите меѓу 14 -17 години.

Изборот се состои од два дела:

  1. Прв дел:

За да учествува во изборот кандидатот треба да:

  • Сними видео и да го прикачи на YouTube, а потоа да го пополни формуларот за аплицирање. Видеото не треба да биде подолго од 90 секунди. Во текот на тие 90 секунди кандидатот, на својот мајчин јазик, треба да ги прикаже своите креативни таленти и да објасни зошто сака да учествува во младинскиот камп на Салцбуршкиот фестивал;
  • Да ја прикачи YouTube врската од видеото и резултатите од тестот во формуларот за аплицирање на веб страната на изборот;
  • Видеото треба да се прикачи на YouTube на денот на аплицирањето и треба да биде јавно и не покасно од 15 Јануари, 2020. Со прикачување на видеото кандидатот се согласува со следниве правила на YouTube каналот: https://support.google.com/youtube/topic/2676339?hl=ru&ref_topic=6151248
  • The Salzburg Festival фестивал и креативниот тим на Opera Camps ќе изберат по 15 кандидати од секоја од трите држави, кои ќе одат во вториот дел на изборната постапка. Потврдно писмо ќе им биде испратено кандидатите на емаил адресата која што ја имаат наведено во формуларот за аплицирање за време на регистрацијата. Листата со оние коишто го минале првиот дел ќе биде објавена на веб страната на Solway Investment Group. Ве молиме имајте во предвид дека жирито ќе ја оценува креативноста на кандидатите, и нивното познавање на уметноста, театарот (глума) или музиката, како и нивните комуникативни вештини, а не бројот на дипломи и сертификати што кандидатот ги поседува.
  1. Втор дел:
  • Кандидатите кои ќе бидат одбрани за овој дел, ќе потпишат договор, со кој се обврзуваат да посетуваат курс по англиски јазик. Курсот е во организација на “Solway Fellowship”, специјално за кандидатите. Распоредот на часовите е: три часа од 90 минути неделно. Часовите ќе се одржат од Јануари 2020 до Април 2020. Организационата комисија на стипендијата има право да ги отстрани учесниците од програмата ако тие не присуствувале барем на 80% од часовите месечно, или пак ако покажуваат слаби академски постигнувања. Академското оценување се врши месечно, во текот на целиот период од изборната постапка.
  • После курсот секој кандидат ќе треба да сними видео од 90 секунди, на англиски јазик, во кое ќе се претстават себеси, ќе ги прикаже своите креативни вештини и ќе ги раскажат своите очекувања во врска со кампот. Примери од победничките видеа од минатите години може да се видат во архивата на оваа веб страна.
  • Кандидатите ќе го прикачат ова видео на YouTube и ќе ја пратат врската на модераторите на веб страната за стипендијата. Секој може да гласа за видеото. Онлајн рејтингот се обновува еднаш дневно.
  • The Salzburg Festivl и креативниот тим на Music Camps заедно со претседателот на одборот на директори од Solway Investment Group ќе изберат 6 финалисти – по двајца од секоја држава. Тие ќе станат стипендисти и ќе имаат можност да учествуваат на младинскиот камп бесплатно. Резултатите од онлајн гласањето ќе се земат во предвид, но ова нема да биде главниот критериум при изборот.
  • Жирито ќе ги избере стипендистите врз основа на квалитетот на нивната приказна, нивото на ентузијазам и вклученост во текот на изучувањето на јазикот, нивното ниво на познавање на англискиот јазик, нивната креативност, и нивната вештина во уметност, театар, музика или нешто друго.
  • Конечниот потесен избор на кандидати ќе биде објавен на веб-страната на Solway Investment Group.
  • Пред нивното пристигнување во младинскиот камп сите стипендисти ќе треба да завршат интензивен курс по англиски јазик – четири 90-минутни часови неделно, во текот на 4 недели.

Важно: Нема да има можност да се учествува во вториот дел на изборот без да се заврши првиот дел и сите негови барања.

2.Што покрива Solway Opera Camp стипендијата?

Стипендијата целосно го покрива следново:

  • Трошоци за виза и обработка на документи за оние кандидати чиишто земји имаат потреба од Шенген виза;
  • Авионски билет за кандидатот (придружуван од вработен во авионската компанија);
  • Превоз од аеродромот на Салцбург до младинскиот камп и назад;
  • Сместување во кампот;
  • Лекарско осигурување;
  • 3 оброци на ден – во оние места кои ќе бидат однапред одобрени од адмиснистрацијата на кампот;
  • Локална СИМ-картичка со минимален мобилен сообраќаен лимит за да може да го контактираат регионалниот координатор на стипендијата;
  • 24/7 придружба на групата стипендисти од страна на локалниот координатор.

Стипендијата НЕ покрива:

  • Авионски превоз во земјата од која се заминува;
  • Добивање на меѓународен патнички документ (пасош) во земјата на потекло;
  • Меѓународен мобилен сообраќај;
  • Џепарлак

ОПШТО ОДРЕКУВАЊЕ И ОДГОВОРНОСТ

УСЛУГИТЕ И СОДРЖИНАТА ОД ИЛИ ПРЕКУ ОВАА ВЕБ СТРАНА СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ “КАКО-Е”, “КАКО СЛОБОДНИ“, И СИТЕ ГАРАНЦИИ, ДИРЕКТНИ ИЛИ ИНДИРЕКТНИ, СЕ ОТФРЛААТ (ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ ЗАДРЖУВАЈЌИ СЕ САМО НА ОДРЕКУВАЊЕ ОД БИЛО КАКВИ ИНДИРЕКТНИ ГАРАНЦИИ ИЛИ РЕКЛАМИ И КОЕ ОДГОВАРА ЗА НЕКОЈА ОДРЕДЕНА ЦЕЛ). ИНФОРМАЦИИТЕ ОВДЕ МОЖЕ ДА СОДРЖАТ БУБАЧКИ, ГРЕШКИ, ПРОБЛЕМИ ИЛИ ДРУГИ ОГРАНИЧУВАЊА. СОПСТВЕНИКОТ НА ОВАА ВЕБ СТРАНА НЕ ПРЕВЗЕМА НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ ЗА БИЛО КАКВИ ГРЕШКИ ИЛИ ИЗОСТАВУВАЊА НА СОДРЖИНАТА ШТО ЈА ИМА НА ОВАА ВЕБ СТРАНА.

Корисникот се согласува да осигури, одбрани и поддржи Сопственикот и неговите здруженија, овластувачи, содржина и сервисни провајдери, издавачи, автори, трговци, и набавувачи во случај на било каква одговорност, загуба, тврдење, вклучувајќи и адвокатски такси и трошоци, во врска со прекршување на овој Договор од страна на корисникот или со користење на веб страната.

Секаква одговорност за било каква штета предизвикана од вируси кои ги има во електронски документи или на оваа веб страна се отфрла.

Хипер-врски

Оваа веб страна соодржи врски до други веб страни. Таквите врски не се промовирања на некакви производи или услуги на такви веб страни, и никаква информација на таква веб страна не е поддржана или одобрена од страна на КОМПАНИЈАТА.

Пријавувања

Сите забелешки, предлози, идеи, графика, или други информации кои и се пренесуваат на КОМПАНИЈАТА преку оваа веб страна (со еден збор Пријавувања) засекогаш ќе бидат во сопственост на КОМПАНИЈАТА. КОМПАНИЈАТА не е обврзана да се однесува спрема било која Пријава како доверлива, и нема да биде одговорна за било какви идеи за нејзиниот бизнис (вклучувајќи идеи без ограничувања, производи или реклами), и нема да превземе на своја одговорност нешто што како резултат на било каква сличност се појави во идните производи или операции на КОМПАНИЈАТА. Без ограничувања, КОМПАНИЈАТА, ќе има ексклузивна сопственост на сите сегашни и идни постоечки права на Пријава од било каков вид и природа секаде. КОМПАНИЈАТА има право да ја употреби Пријавата за било каква комерцијална или друга цел, без надокнада на вас или некое друго лице кое ја пратило Пријавата. Вие признавате дека сте одговорни за било каков материјал што го поднесувате, и вие, а не КОМПАНИЈАТА, имате целосна одговорност за пораката, вклучувајќи ја и нејзината легалност, веродостојност, соодветност, оригиналност, и авторско право.

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT