Истражете ја темата Среќа преку танц и музика на танцувачката резиденција предводена од австриската кореографка Оливија Митерхумер. По завршетокот на интензивната 10 неделна обука, најспектакуларните изведби на учесниците ќе бидат вклучени во виртуелниот музички перформанс. Сниманата и монтирана видео-верзија на перформансот, ќе биде прикажана на отворањето на Салцбуршкиот фестивал.

ВЕ МОЛИМЕ ПОТПОЛНЕТЕ ГО ФОРМУЛАРОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД 10-те ZOOM РАБОТИЛНИЦИ ЗА ТАНЦ 

 

СОЗДАДЕТЕ И СПОДЕЛЕТЕ ЗА ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ВИРТУЕЛНИОТ ГЛОБАЛЕН ПЕРФОРМАНС „СРЕЌА“ ПОСТАВЕН ОД ОЛИВИЈА МИТЕРХУМЕР

ЗА ОВАА РАБОТИЛНИЦА НЕ Е ПОТРЕБНО ПРЕТХОДНО ТАНЦУВАЧКО ИСКУСТВО. УЧЕСТВОТО Е БЕСПЛАТНО.

*  Dance Residency не е натпревар, туку можност за прикажување на извонредниот талент на локалните тинејџери преку проект на глобално ниво.

Потполнете го формуларот за апликација и испратете видео во времетраење од 90 секунди во кое што го демонстрирате вашето танцување.
Возрасна граница:11 – 17 години.

Истражете ја темата Срeќа заедно со светски познатата австриска кореографка Оливија Митерхумер. 10 последователни саботи. По 115 минути. Дата на одржување: 17.04 – 03.07. Време на одржување: 17:00 часот Северна Македонија / 18:00 часот Украина / 11:00 часот, Гватемала.

Учествувајте во сите работилници, работете на вашите варијации, споделувајте го креативниот процес на вашите социјални мрежи. Вклучете ја вашата варијација * во финалниот видео перформанс.

*Варијациите, создадени како резултат од учеството во обуката, кои што ќе бидат дел од финалниот видео перформанс, ќе бидат  избрани  врз основа на следниве категории: целосен впечаток/„wow-фактор“, ниво на способност и демонстрација  на талент.

Фотографија: @littleshao

Оливија Митерхумер, домаќин кореограф на Dance Residency во 2021 година

Оливија Митерхумер прв пат се запознава со класичниот танц на четиригодишна возраст во Салцбург.  Од 2006 година, таа го проширува својот интерес и кон други танцувачки стилови како што се хип-хоп слободен стил,  хаус, локинг или попинг. По уовршувувањето на  своите знаења и способности преку учество на разни обуки и работилници во Европа и САД, Оливија го основа танчерскиот колектив  Potpourri.  Во 2009 година, таа беше ко-основач на меѓународниот Streetdance Battle Flavourama – еден од најпознатите фестивали во Европа.

Денес Оливија работи како изведувач и кореограф, истражувајќи ја темата  движење и музика, а  воедно и е тренер за хип хоп и хаус танц низ цела Европа.

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT