1. Испратете го Вашето уметничко дело на creativefellowship@solwaygroup.ch

Поднесете записи што спаѓаат во категориите:

Сликање;
Фотографирање;
Илустрација / цртеж;
Дигитална уметност (вклучувајќи подвижна слика, проектирана работа и дигитални инсталации);
Анимација (вклучувајќи и 3D);
Моден дизајн.

2. Бидете дел од виртуелната изложба во престижната галерија во Лондон – SAAS.

3. Вашето дело може да биде дел од календарот за 2022 година.

 

ИСПРАТЕТЕ ФОТОГРАФИЈА ОД ВАШЕТО
УМЕТНИЧКО ДЕЛО. ГОЛЕМИНА ДО 5 MB.

ПОТПОЛНЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ПОДНЕСЕТЕ ДО 21 МАЈ 2021 ГОДИНА

За да ја пополните апликацијата, потребно е да ги внесете следниве податоци:

Лични податоци: Име и презиме, датум на раѓање, земја на живеење, линк до Вашиот Инстаграм или Фејсбук профил , е-пошта.
Детали за Вашето уметничко дело (Може да испратите најмногу 3 фотографии по уметничко дело, со големина од максимум 5 MB за секое дело).
Објаснување за што станува збор во Вашето уметничко дело. Како Вашата работа е поврзана со темата Среќа?

40 избрани уметници ќе земат учество на виртуелната групна изложба на галеријата SAAS, Лондон. Од овие 40, 14 уметници, со јавно гласање ќе бидат одбрани да бидат дел од @creative.fellowship календарот за 2022 година, кој што ќе биде доставен до секој учесник на изложбата и партнерите на проектот.

Уметничкиот натпревар е отворен за млади таленти на возраст од 11 до 21 година, кои живеат во Северна Македонија, Украина, Гватемала, Велика Британија и Австрија.

Во потрага сме по уметници кои што се занимаваат со истражување на денешната перцепција на СРЕЌАТА во различните култури од перспектива на самоидентитет, пол, традиции, масовна култура и многу повеќе.

Изборен процес

Галеријата во соработка со кураторот на изложбата ќе избере максимум 40 (четириесет) уметници што ќе ги изложуваат на виртуелниот простор на Галеријата.

Вашата апликација мора да биде комплетирана во целост, внесувајќи ги сите потребни информации. Во спротивно, апликацијата нема да биде прифатена и ќе биде повлечена од постапката за избор.

Финален избор 

Галеријата ќе го земе предвид јавното мислење во врска со потесниот избор на 14-те таленти, преку содржина генерирана од страна на корисниците на социјалните медиуми. Ако сте избрани, може да создадеме хаштаг поврзан со процесот на гласање за содржина генерирана од корисник. Конечната одлука (во врска со потесниот избор на 14-те таленти) останува само на Галеријата и кураторот на изложбата, кои ќе останат непристрасни, без оглед на медиумската популарност и одзивот кон уметниците. Целта на содржината создадена од корисник е за поголем прием на Вашите апликации во потесниот избор и да Ви се овозможи понатамошна соработка со публиката.

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT