Виртуелен глобален перформанс – стипендија за 2021

@Creative.fellowship иницијативата е во потрага по млади креативни таленти кои сакаат да го развијат својот потенцијал, сакаат да настапуваат и да учествуваат во виртуелниот глобален перформанс овозможен од @ Cretive.fellowship. Без разлика дали пеете, танцувате, свирите на инструмент, жонглирате, изведувате акробатски или магионичарски трикови, цртате, дизајнирате костуми или поседувате некаков друг уникатен талент, ние сакаме да ни го покажете!

@Creative.fellowship не е натпревар, туку претставува уникатна прилика преку која што локалните тинејџери имаат можност да го покажат својот извонреден талент и шанса да бидат дел од еден голем интернационален проект.

@Creative.fellowship овозможува унапредување на вештините и знаењата и ги поддржува креативните тинејџери на нивниот пат кон успехот.

Децениски истражувања покажаа дека уметноста може да ви помогне да станете поангажирани, поотпорни и подобро да се справите со животните предизвици.

Creative.fellowship е виртуелен безбеден простор, преку кој што млади надежни уметници имаат можност да го покажат својот талент! Исто така е и место во кое што можете да пронајдете истомисленици од различни земји и да стекнете нови доживотни интернационални пријателства и во време на карантин.

Creative.fellowship не е само начин да влезете во глобалната заедница и да стекнете нови пријатели ширум светот, истовремено претставува и безбеден, едукативен и забавен начин да научите за културите, да се поврзете со многу уметнички професионалци кои ќе ви посветат внимание и ќе ви пренесат дел од нивното искуство и ќе ве научат како да бидете најдобри во она што го правите.

Како може да аплицирате?

Отворен повик за тинејџери од 14 до 17 години и кои поседуваат каков било талент
Бараме млади таленти во следите категории:
Музика – инструменталисти и вокалисти, во сите жанрови на музиката
Танц– сите танцувачки стилови (балет, модерен танц, степ танц, латиноамерикански и стандардни танци, традиционални народни  танци, хип-хоп танц…)
Театар/Разновидност – глума, жонглерство, акробација, пантомима, магионичари, илузионисти..
Уметност – цртање, скицирање или дигитално цртање, моден дизајн, фотографирање или видео анимација
Претходните учесници исто така можат да аплицираат во новата програма 2021

Потполнете го формуларот за аплицирање

Регистрирајте се @creative.fellowship Instagram профилот

Споделете го вашиот TikTok или Instagram профил

или

Снимете видео од 90 секунди во кое што ќе го прикажете својот талент, прикачете го на приватниот YouTube канал* и приложете го линкот на creativefellowship@solwaygroup.ch

Жирито составено од тројца членови ќе ги избере победниците.

Апликациите ќе бидат оценувани врз основа на следниве критериуми: целосен впечаток / „wow фактор“, нивото на способност и демонстрација на талент. Одржувајте позитивен став: сите изведби треба да имаат позитивна порака. Натпреварувачите ќе бидат оценувани според талентот и пораката.

Од секоја земја, ќе бидат избрани приближно околу 15 апликанти.

Што да очекувате?

Ослободете го вашиот креативен талент
Пронајдете се себеси. Искусете ги вашите најодлучувачки моменти

Научете англиски јазик

Создајте  нови пријателства ширум светот

Запознајте се со славни личности

Развијте го својот талент

Собирајте поени**

Направете промена во вашиот живот и животот на младите истомисленици од други земји

Зграпчете ја можноста, искористете го вашиот потенцијал и искуството што ви го нуди стипендијата.

Што може да добиете?

Викенд патување со вашите нови пријатели

Изведба на вашето  лично дело како дел од шоуто з таленти, под менторство на тимот на Салцбуршкиот фестивал

Едно персонализирано патување во Салцбург и  индивидуална обука со еден од менторите од стипендиската програма на Салцбушкиот фестивал

Што нудиме?

Работилници, практична настава, мастер  клас за уметнички перформанси

7 месечен курс по англиски јазик

Сертификат за напредно ниво на познавање на англиски јазик

Сертификат за завршен курс по историја на уметност од iTunes University

Бесплатно викенд патување, со сите покриени трошоци.

Едно персонализирано патување во Салцбург за победникот и  индивидуална обука со еден од менторите од стипендиската програма на Салцбуршкиот фестивал*

Едно персонализирано патување во Салцбург за победникот и  индивидуална обука со еден од менторите од стипендиската програма на Салцбуршкиот фестивал*

*In the event of travel restrictions, the activity will be postponed or will take place online
** Please see the JOIN THE TALENT SHOWCASE section to learn more about the bonus credit system

@Creative.fellowship обезбедува унапредување на знаењата и вештините на учесниците преку курсеви и индивидуални обуки.
Новата 2021 @Creative.fellowship програма, се заснова на целосно обновениот концепт кој е развиен во согласност со барањата наложени од пандемијата Ковид-19.

Програмата се состои од три интегрирани модули:

Часови по англиски јазик

Прв изборен круг

Реши ја загатката!
Секој нов јазик е загатка, но штом еднаш ќе ја решите, ви се отвараат вратите за многу нови можности.
100 онлајн часови по англиски јазик, предавани од локален наставник по англиски јазик и наставник на кој што англискиот јазик му е мајчин јазик

Лесно и забавно учење без оценување или критики на вашиот перформанс. Важно е да се учествува!

Целта е да се унапреди нивото на познавање на англиски јазик и оспособување на учесниците за успешно владеење и употребување на англискиот во нивниот понатамошен развој

Часови по уметност

Втор изборен круг

Откријте ја вашата култура!
Кога ќе ги научите корените на вашата родна култура, ќе ви биде полесно да го освоите светот.
Со помош на забавни интерактивни часови по историја на уметност, учесниците ќе научат да ги разоткријат културните различности и карактеристики ширум светот.

Часовите се засноваат на активна соработка помеѓу учениците и наставниците преку онлајн платформа

Целта на оваа уметничка соработка е да придонесе кон создавање на глобален виртуелен музеј за СРЕЌА.

Уметнички перформанс – проект

Финале

Освојте го светот!
Вашиот талент е тој што ве води кон патот до успехот, но преку стручната подготовка, можете побргу да стигнете до целта.
Професионален гостин-кореограф, предводен од образовниот центар на Салцбуршкиот фестивал, ќе одржи онлајн танцувачки мастер клас сесии за танц, наменети за учесниците на проектот.

Преку заедничка работа, учесниците во проектот на уметничкиот перформанс, ќе имаат своја изведба која што ќе биде дел од онлајн обединет глобален арт перформанс.

Целта е да се создаде глобален танцов перформанс, забележан од онлајн креативната и професионалната заедница

Што покрива 2021 стипендијата за виртуелен глобален перформанс?

Даваме едукативно искуство во вредност од 3.600 евра по учесник.

Стипендијата целосно го покрива следново:

  • Онлајн туторијали за користење на Zoom, Miro, Notion и WhatsApp како алатки за поддршка на проектот
  • 100 онлајн часови по англиски јазик, предавани од локален наставник по англиски јазик и наставник на кој што англискиот јазик му е мајчин јазик
  • 20 онлјан часови по историја на уметност и занаетчиство
  • 40 мастер клас часови по движења и танц, предводени од меѓународно признат кореограф
  • 4 средби со познати личности
  • Соработка за видео продукција на финалниот перформанс
  • Еден giveaway подарок за секоја земја
  • Бесплатно викенд патување:
    • Превоз до главниот град на земјата на учесникот и назад
    • Едно ноќевање
    • Патничко здравствено осигурување
    • 5 оброци
    • Платени билети за посета на културни институции
    • Разглед на градот
    • 24/7 придружба на групата од страна на локалниот координатор

Дополнително, за финалистот:

  • Трошоци за виза и обработка на документи, доколку финалистот доаѓа од земја чиишто граѓани имаат потреба од Шенген виза;
  • Авионски билет за кандидатот (придружуван од вработен во авионската компанија);
  • Превоз до аеродромот во земјата на поаѓање;
  • Превоз од аеродромот во Салцбург до сместувањето и назад;
  • Сместување;
  • Здравствено осигурување;
  • 3 оброци на ден;
  • Локална СИМ-картичка со минимален мобилен сообраќаен лимит за да може да го контактираат регионалниот координатор на стипендијата;
  • 24/7 придружба на финалистот од страна на локален координатор.

Стипендијата НЕ покрива:

  • Добивање на меѓународен патнички документ (пасош) во земјата на потекло;
  • Меѓународен мобилен сообраќај;
  • Џепарлак;
@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021
CREATED BY DOT SHOT