Гватемалскиот сопран Адријана Гонзалез е успешна оперска пејачка и добитничка на многу национални и меѓународни награди. Во последниве години, има настапувано во едни од најпрестижните оперски куќи како Операта во Париз, Операта во Цирих, Гран Театре де Лисеу во Барселона и многу други. Само неколку дена пред да започне фестивалот во Салцбург, Адријана зборуваше со @creative.fellowship за тоа како да станете оперски пејач во земја без можност за опера.

Ви благодариме што ја поддржавте нашата иницијатива @creative.fellowship и нашиот пост-карантински #operalockdown проект.

– Ви благодарам многу за создавањето на стипендијата која што ги поддржува гватемалските таленти, им дава можности и споделува знаење. Навистина е нешто, што му е потребно на светот – едукација и споделување на знаење. Постојат многу работи што не можат да се разберат од личност на личност, така што, кога ние всушност ги објаснуваме работите и создаваме основа преку споделување на знаење, ние менуваме светот. Ви благодарам што ја развивте оваа иницијатива и го поддржувате гватемалскиот талент.

Кога за прв пат се запознавте со операта?

– Немам јасно сеќавање за тоа како се случи точно, но мајка ми, ми кажа дека кога сум имала три години, на телевизија во Гватемала била прикажана операта  „Риголето“.

Што беше следно?

– Мојата кариера започна во 2013 година, кога бев поканета во еден мал театар надвор од Париз. Тоа беше мојата прва опера на реална сцена со оркестар, диригент и сè. Претставите беа „Абу Хасан“ од Вебер и „Сонетто“ од Пјетро Маскажни. Ова беше дури и пред да се приклучам на студиото во Париз, но всушност 2013 навистина не беше така одамна.

Дали вашето семејство го поддржа вашиот сон да станете оперска пејачка?

– Да, имав многу среќа што имав родители кои ме поддржуваа и веруваа во мене уште од самиот почеток. Всушност, беа малку скептични, бидејќи во Гватемала немаме оперска куќа и до ден денес, па се прашуваа каде би работела и како би успеала, но моите родители присуствуваа секој мој концерт и дури на многу од часовите. Растев во многу поддржувачка околина и го чувствував потребното охрабрување. Нормално, имаше и мали несогласувања и двоумења. На пример, татко ми на почетокот беше претпазлив и ќе речеше: „Зошто не студираш бизнис и администрација во исто време? Можеби тоа би ја надополнило музиката, или ако не успееш… ”, а јас го убедував дека треба да се фокусирам само на музиката и да се посветам само на една работа, бидејќи доколку се расејувам, веројатно нема ни да успеам. Ни требаше малку време за убедување. Никој не беше 100% сигурен на почетокот, но сите стигнавме таму. Тоа беше патување за сите нас, и за моите родители и за мене. Имав среќа што имам семејство кое ме поддржуваше и беше со мене во секој мој чекор по патот. Ако немате поддршка од вашето семејство уште на почетокот, почекајте, ќе ве разберат, само што на нив им треба време. Треба да им објасните што сакате да постигнете и да бидете трпеливи, а вашето семејство ќе стигне таму со вас.

Како аспиративните оперски пејачи треба да ја доживуваат и разберат операта?

  -Прво да се едуцираат со општа култура колку што можат повеќе. Зошто? Затоа што кога сте во опера, како пејач раскажувате приказна за некој кој живее во одредена ситуација во одреден историски момент. Значи, ако земете, на пример, операта “Свадбата на Фигаро”, не беше толку популарна затоа што Француската револуција се случуваше во исто време. Затоа Австријците рекоа „ние не сакаме револуција овде и нема да ја изведеме “Свадбата на Фигаро”, затоа што ако луѓето би помислиле дека слугите имаат права. Тоа навистина стави сè во контекст за мене. Зошто Сузана и нејзината врска со грофот, е на некој начин, комплицирана и во исто време малку бесрамна, тоа о ќе додаде на вашите перформанси. Секогаш е важно да се прочита за тоа што се случувало историски, социјално и културно. Биографијата на композиторот е исто така многу важна, затоа прочитајте се и обидете се да го впиете сето тоа. Сите овие работи ќе помогнат да се подобри вашата интерпретација.

Што најмногу ви се допаѓа во операта?

– Она што најмногу ми се допаѓа во операта е тоа што мора да создавате различен лик секој пат и исто така да му дадете уникатен звук на тој лик. Оперското пеење е толку посебно и уникатно во своето создавање.

Која беше вашата прва голема улога?

  Првата улога што некогаш ја имав беше Церлина во операта Дон Џовани, и всушност имав тежок период со колоратурата и batti batti o bel masetto. Колоратурата не ми е силна страна и тоа беше нешто на што навистина морав многу да работам, а исто така е и добра улога. Има добра должина, не е толку долга, за разлика од Дона Ана која е навистина тешка и долга улога, или Дона Елвира која има многу да пее, како и многу ансамбли.

Значи, Церлина беше навистина голема улога во која можев повеќе да покажам, но не беше таква изложена улога во која во основа ќе бев уништена играјќи ја. Во некои потешки улоги, мора да имате многу високо ниво, исто така треба да бидете многу самосвесни и да кажете изрично, „можам да го сторам тоа“ или „не можам да го сторам тоа“.

Што научивте од тоа искуство?

Научив колку е важно да ги изберете вашите улоги внимателно и мудро, а потоа да работите на вашата техника. Техниката е сè. Тоа е како темел на нашата куќа. Ако сакате да бидете оперски пејач, работете на вашата техника и од таму изградете ја вашата интерпретација, сценско движење, бои, сè друго што сакате да направите со вашите улоги.

Значи, ако сте млад пејач во светот на операта, нормално, треба да бидете многу внимателни со репертоарот. Вие секогаш треба да изберете нешто што е добро за вашиот глас, улога која ќе ви овозможи да заблескате, што го прави вашиот сопствен глас да се чувствува добро и што можете да постигнете од техничка гледна точка во дадениот момент од вашата фаза на развивање како оперски пејач.

Подгответе се за секој проект. Посветете се целосно уште од првата проба и проверете ги вашите способности. Прочитајте го  целиот текст, откријте ја психологијата на вашиот карактер за да можете да се прилагодите на различните побарувања на проектот. Понекогаш, ќе имате многу физички  и тежки сцена, така да терба да бидете спремни, но главната работа е да ги знаете вашите способности и правилно да ги искористите.

Исто така, опкружете се со добар тим, кој го вклучува и вашиот учител за пеење и бидете сигурни дека не се притискате. Знам дека ова е тежок совет, но проверете ја вашата техника. Уверете се дека секогаш ја употребувате најдобрата форма на техника, за да можете да го задржите вашиот глас во форма за да можете да пеете најдолго можно време.

Како еден надежен пејач треба да научи да ја цени операта?

Песните се навистина добар начин да се навлезете во лирското пеење бидејќи некои од нив се кратки и сè уште има неколку драматични сцени и песни што можете да ги направите. Ова е навистина информативно за толкувањето и техниката и немате притисок од сценскиот момент или движење со оркестарот. Можете да работите на тоа само со пијанист.

Исто така, чувајте ги вашите песни свежи! Песните навистина можат да помогнат да се создаде интимност за интерпретација, без да се изгубат меѓу сите сцени и оркестари, диригент и целата огромна координација што ја бара операта. Значи, ако сте под 20 години, јас би ве советувала да го следите тој пат, погледнете ги Ари Антике и Факаи кој е метод на пеење кој има неколку арии и неколку технички пристапи што се важни.

Ако сте навистина млади, 16 или 18 години, посветете се на Шуберт, Шуман, јас би рекол почекајте малку за Брамс. Фури, Дебиси. Погледнете го Рахманиноф, тој има навистина одлични песни. И, погледнете ја и шпанската музика: Обрадор, Гранадос, Фалас. Постојат, дури и некои гватемалски композитори, патем, кои напишале неколку песни. Иведбите се достапни на интернет. Песните навистина помагаат да се создаде интимност за интерпретација.

Каков совет сакате да им дадете на нашите победници стипендисти од Гватемала кои ќе патуваат во Салцбург?

Најважното нешто  кога патувате од Гватемала во кој било друг дел од светот е да имате отворен ум. Дознајте сè што можете од апсолутно секој што го сретнете по вашиот пат, дури и луѓето што не ги сакате понекогаш! Можете да научите многу од секој што го запознаете по вашиот пат.

Photo credits adrianagonzalezgt

For more #operalickdown stories, please visit our Instagram account @creative.fellwoship

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT