И покрај пандемијата, 2020 година се покажа како една од најплодните години за стипендсиката програма „Солвеј Музички камп“, која сега веќе е и дел  од Jung&jede*r програмата на Салцбуршкиот фестивал. Годинава, 55 апликанти беа примени во првата фаза, а 39 успешно го завршија предизвикот.

Со цел да се испорачаат дадените ветувања на учесниците, организаторите мораа да ја преобликуваат образовната програма, за да им се овозможи на учесниците усовршување на нивното познавање по англиски јазик пред да го достават своето видео на меѓународното жири. Тимот за е-учење на проектот го редизајнираше курсот и им обезбеди прилагодено решение на младите учесници за изучување на англискиот јазик преку интернет од дома.

Исклучително тешко беше да се изберат победниците оваа година. Учесниците покажаа изворедна посветеност во процесот на изучување на англискиот јазик, ги почитуваа сите упатства за изборниот процес и доставија прекрасни видео изведби. Затоа, вообичаените критериуми не можеше да се применат, бидејќи станува збор за многу силна група на апликанти! Сите присуствуваа на часовите, сите кандидати значително ги подобрија своите јазични вештини, а видеата беа испратени навреме. Кандидатите ни покажаа дека се вистински таленти, затоа сакавме да ги вклучиме сите, но на крајот жирито ги избра оние кандидати кои најдобро ќе одговараат на годинашниот концепт“, објасни Дан Бронштајн, член на жири комисијата и Претседател на Управниот одбор на Солвеј Инвестмент Груп.

Побдедниците во 2020 година се Богдан Манита и Денис Лопушансиј (Украина), Тамара Велкова и Драган Петров (Северна Македонија), Рошеле Рамос Перез и Гиерти Еное Лел (Гватемала). На Вероника Перепелица (Украина), Мила Ангелова (Северна Македонија) и Абигел Перез (Гватемала) им е доделен бесплатен, интензивен курс по англиски јазик како признание за нивните импресивни напори.

Во годината во која се слави 100-годишнината од Салцбуршкиот фестивал, организаторите на програмата мораа да пронајдат најдобар начин за исполнување на своите ветувања, бидејќи оперскиот камп нема да биде организиран заради ограничувањата со патувањето. Овој предизвик резултираше со посебна, редизајнирана програма, која ќе им овозможи на младите љубопитни таленти  интеграција во широкиот спектар на професии што ги нудат оперските куќи ширум светот. За време на нивната посета на Салцбург, покрај посетите на пробите и обуките, победниците ќе имаат можност да бидат дел работилници организирани од Салцбуршкиот фестивалот, во кои професионални театарски занаетчии ќе им ја покажат производната страна на оперската магија на младите таленти. Патувањето на победниците во Салцбург во моментов е планирано за јануари 2021 година.

Оперските куќи истовремено управуваат со над 1.000 луѓе, од кои голем дел од нив се зад сцената. Среќни сме што ќе можеме да им покажеме на младите луѓе дека во уметноста има место за секого. Секогаш има голема побарувачка за инженери, електричари, дизајнери на костуми и стотици други клучни професии кои придонесуваат за сценската изведба. Едноставно младите луѓе треба да знаат за можностите кои можат да ги изберат “, објасни Хелга Рабл-Стадлер, Претседател на Салцбуршкиот фестивал.

0

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT