Новата програма за млади на Салцбуршкиот фестивал – ‘jung&jede*r’ која вклучува над 80 музички, драмски и оперски активности за талентирани млади деца и љубители на музика е влезена во потесниот круг за образовната наградa од Европската културна и филантропска мрежа FEDORA.

Во проектот ‘Jung&jede*r’ се вклучени оперските кампови, концертите на музичката академија, патувачки театарски продукции, партиципативни проекти за училиштата и младинска програма за претплата за билети за сите кои се на возраст под 26 години. Преку своите мобилни продукции и училишни проекти ‘jung&jede*r’ го поканува целиот град Салцбург да се претвори во сцена и да им овозможи на сите да доживеат опери, музички концерти и театарски драми.

Наградата за образование – FEDORA, се доделува на иновативни проекти кои поттикнуваат вклучување на нови и пошироки публики, која истовремено ја поттикнува и социјалната интеграција помеѓу учесниците.

Solway Creative Fellowship програмата за млади талентирани деца, воведена од Solway Investment Group како дел од планот за одржливиот развој на заедниците во кои работи, се поврзува со ‘Jung&jede*r’ преку соработката на компанијата со оперските кампови на Салцбуршкиот фестивалот. Од оваа година, компанијата Solway освен сотрудништвото за оперскиот камп, ја прошири својата соработка со фестивалот и со поддршка и на проширената младинска програма на фестивалот – jung&jede*r.

FEDORA доделува четири награди:  FEDORA – GENERALI награда за опера, FEDORA – VAN CLEFF & ARPELS награда за балет, FEDORA награда за образование и FEDORA дигитална награда. Овие награди се доделуваат на ветувачки уметници и тимови на копродукциски културни институции кои работат за создавање на нови оперски или балетски продукции за да допрат до нова и поширока публика.

Циклусот на елиминација на наградите вклучува 4 фази: претселектирање, јавно гласање, објавување на кандидатот и церемонија на доделување награди. Во моментот е во втора фаза – јавно гласање. За да гласате за ‘Jung&jede*r’ програмата, ве молиме кликнете на следниот линк:  http://bit.ly/2uh5Iqs

За FEDORA

FEDORA е Европска културна и филантропска мрежа и иницијатива, избрана од страна Европската комисија која е поддржана од финансиската програма “Креативна Европа“  Ова финансирање и овозможи на иницијатива да отвори Европска платформа која поддржува уметнички иновации во операта и балетот преку приватно финансирани награди. Наградите на FEDORA се признание за новите таленти и идеи во операта и балетот што ќе ја обликуваат иднината на овие уметнички форми.

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT