Организациониот комитет на Solway Music Fellowship во соработка со Salzburg Festival избраа 6 финалисти од Гватемала, Македонија и Украина кои ќе бидат дел од Opera Camp во Салцбург. Повеќе од 40 креативци, на возраст од 14 – 17 години, изразија интерес за аплицирање за програмата. 39 го продолжија своето патување до славата по завршувањето на првиот круг на елиминација, а само 6 (по 2 од земја) добија целосна стипендија, која ги покрива трошоците за патување и виза, сместување, како и едукативни и забавни активности во Салцбург, Австрија.

Мигел Тиул и Карлос Гузман (Гватемала), Артур Ардејан и Анастасија Лавренјук (Украина), Стефан Ефтимов и Моника Трајанова (Македонија) добија извонредна можност да го доживеат најреномираниот светски фестивал на класична музика учествувајќи на Salzburg Opera Camp за деца и млади. Тие ќе поминат една недела од 4 август до 10 август, без своите родители, во Schloss Arenberg, каде ќе работат со светски познати едукатори за музика, театарски професионалци, сценски дизајнери и танчери, додека ја поставуваат уникатната верзија на операта “Едип” на Џорџ Енеску, која ќе се изведува на Salzburg Festival. Младите победници ќе присуствуваат на пробата на “Едип” и ќе имаат можност да одат зад сцената. На крајот од неделата, заедно со другите ученсици од кампот, ќе изведат своја верзија на операта пред публика.

39-те избрани кандидати требаше да поминат 24 неделен курс по англиски јазик со цел да стигнат до вториот елиминациски круг. Како нивна последна задача, апликантите мораа да снимат 90-секундно креативно видео во кое на англиски јазик ќе ги изразат своите вештини за презентирање и ќе ги покажат своите таленти во некои уметнички дисциплини. Жирито, претставено од Salzburg Festival, креативниот тим на Opera Camps и претседателот на одборот на Solway Investment Group, ги оцени презентираните видеа врз основа на различни критериуми: креативност, комуникациски вештини, ангажирање во процесот на учење на јазикот, како и нивното ниво на познавање на англискиот јазик.

За своите извонредни академски резултати, желбата за учење и креативен пристап, жирито ги награди Вероника Перепелица (Украина), Барбара Стојанова (Македонија) и Диего Раул Цак (Гватемала) со специјална награда – еден месец интензивни часови по англиски јазик кои ќе се одржат во Јуни.

Целосната листа на избраните финалисти на  Solway Music Fellowship Program може да се види на следните линкови:

Украина

https://solwaygroup.com/musiccamp/ukraine-final-2019/

Македонија

https://solwaygroup.com/musiccamp/macedonia-final-2019/

Гватемала

https://solwaygroup.com/musiccamp/guatemala-final-2019/

0

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT