Во организација на Solway Investment Group, се одржа свечено доделување на серитфикати на младите талентирани ученици од Радовиш кои успешно го завршија бесплатниот курс по Англиски јазик. Во изминатите четири месеци, учениците редовно го посетуваа курсот, ги усовршија своите понавања по англиски јазик, се дружеа, стекнаа нови пријателства и сите 16 ученици успешно го завршија бесплатниот курс по Англиски јазик. Учениците ги поставија видејата за финалната аудиција, во кои се претставија себеси на англиски јазик и ги демонстираа своите креативни вештини. Креативниот тим на Salzburg Festival и International Music Camp заедно со претседателот на одборот на директори на Solway Investment Group, ќе изберат двајца финалисти, врз основа на квалитетот на нивните приказни, нивниот ентузијазам, нивниот талент и познавање на англиски јазик, кои ќе бидат сипендисти на Solway Music Fellowship Program и ќе земат бесплатно учество во музичкиот камп за млади во Салцбург, 2019.

0

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

© 2020 SOLWAY MUSIC FELLOWSHIP PROGRAM
CREATED BY DOT SHOT