За 100 дена, креативниот тим на Салцбург фестивалот и Интернационалниот  музички камп, заедно со претседателот на одборот на директори на Solway Investment Group, ќе изберат шест финалисти од Македонија, Украина и Гватемала – по двaјца од секоја земја. Финалистите ќе бидат сипендисти на Солвеј музичката програма и ќе земат бесплатно учество во музичкиот камп за млади во Салцбург, 2019.

Оваа година во јануари,  42 кандидати аплицираа за стипендијата на Солвеј музичката програма.   Во февруари, 16 апликанти започнаа со посета на курсевите по англиски јазик, а следниот чекор на нивниот пат е патувањето во Салцбург, Австрија на Интернационалниот музички камп за креативни млади таленти.

За првиот круг на селекција, децата на вработените во компанијата Solway, како и учениците на уметничките групи поддржани од Solway и образовните институции за музика, применлива уметност, театар или било кој друг вид на креативни перформанси,  апликантите снимија видео од 90 секудни преку кое си ги претставија своите таленти на организациски комитет на стипендијата.

Организаторите истакнаа дека кандидатите од 2019 година покажаа извонредни вештини во  хорско пеење, дизајнирање и свирење на хармоника, труба, гитара и пијано.

На сите кандидати кои ги следеа упатствата за апликација, им беше понудено да бидат дел од ZaZa школата за виртуелни часови по англиски јазик. Часовите се одвиваат преку Skype, трипати неделно, од февруари 2019 до мај 2019 година. За да се квалификуваат за финалниот круг, кандидатите мора да ја завршат 120 часовната програма по англиски јазик. Од учесниците се бара да присуствуваат најмалку на 80% од часовите секој месец и да покажат високо ниво на академски перформанси. Академската проценка се изведува на месечна основа. За време на нивните часови по англиски јазик, кандидатите за стипендијата на Solway имаат можност да комуницираат со соработниците на Solway од другите земји и да дискутираат за предизвиците и очекувањата од програмата.

За финалната аудиција, секој кандидат треба да му достави на организацискиот комитет ново видео од 90 секунди, во кое кандидатот се претставува себеси, ги демонстрира своите креативни вештини и ги пренесува своите очекувања за кампот на англиски јазик.

Жирито ќе ги избере победничките стипендисти врз основа на квалитетот на нивните приказни, нивниот ентузијазам и ангажираност во јазичните курсеви, познавање на англиски јазик, креативност и уметност, театарско или музичко образование, доколку е применливо.

© 2020 SOLWAY MUSIC FELLOWSHIP PROGRAM
CREATED BY DOT SHOT