Талентирани млади ученици од Радовиш ќе имаат уште една шанса да ја претставуваат Македонија на Интернационалниот музички камп за деца и младинци во Салзбург, во летото 2019.

20 ноември 2018

Рудникот “Бучим”, филијала на Групацијата Солвеј Инвестмент во Македонија, го отвори својот годишен повик за програмата Стипендирање за музичкиот камп Солвеј. Изборен дел исто така се организира и во градови во Украина и Гватемала, каде што се лоцирани дел од фирмите на Групацијата Солвеј.

Децата на вработените во Бучим, како и ученици од уметнички групации и образовни институции, поддржани од компанијата, коишто имаат некаков талент во музика, применета уметност, национални изработки, театар, или било каков друг вид на креативна изведба имаат право да учествуваат во изборниот дел. Возраста на учесниците треба да биде од 14 – 17 години.

Меѓународната програма на стипендирање за музичкиот камп Солвеј, за кандидатите на младинскиот музички камп, се состои од изборен дел во два дела и се доделува со заедничка одлука на жирито. Жирито е претставувано од страна на Салзбуршкиот фестивал, креативниот тим на Опера камповите и претседателот на Одборот на Групацијата Солвеј Инвестмент. Жирито ќе ја оценува креативноста на кандидатите, нивното уметничко, театарско или музичко образование, како и комуникативните вештини, а не бројот на дипломи или уверенија што кандидатот ги има освоено.

Има вкупно 15 слободни места за областа на Радовиш во првиот дел од изборната програма. Пријавувањето започнува на 20 новември, 2017. Крајниот рок за поднесување на пријава е 20 декември, 2017.

Во првиот изборен дел, одбраните 15 кандидати ќе треба да посетуваат 20-неделен курс по Англиски јазик, за да дојдат до вториот дел на елиминација, кој ќе биде на крајот од април, 2019 година. Кандидатите ќе се квалификуваат за втората фаза со изработка на креативна видео презентација во времетраење од 90 секунди. Видеата мора да бидат снимени на Англиски јазик, и кандидатот мора да ги презентира и покаже своите способности и таленти во некоја од уметничките дисциплини.

Двајца од најкреативните, најкомуникативни, најспособни и најталентирани финалисти ќе бидат избрани за патување во Салзбург, со сите трошоци покриени и престој од една недела на Салзбуршкиот музички камп за деца и младинци, кој што ќе се одржи од 4 до 10 август, 2019, во Австрија.

Во летото 2018, Верче Андонова и Костадин Атанасов  од Радовиш ја претставуваа Македонија во Салзбург. Ѓорги Стевков свиреше хармоника во оркестарот, а Викторија Коцева пееше во музичката изведба.

При нивното обраќање на кандидатите за 2018, минатогодишните стипендисти на Солвеј изјавија дека неделата што тие ја поминале во Салзбург била од големо значење за нив, исто како и сите делови од изборниот процес додека тие биле избрани за стипендисти. Тие се стекнаа со вештина и умешност да комуницираат на Англиски јазик. Тие исто така објаснија дека зборувањето на ист јазик (Англиски) со останатите ученици и ментори во кампот им помогнало да се запознаат подобро со новите познајници, како и да ги зголемат своите креативни вештини.

За повеќе детали, како и за пријавување за Стипендијата за музичкиот камп Солвеј ве молиме посетете ја интернет страницата: https://solwaygroup.com/musiccamp/?lang=mk

Ако сакате да го погледенете видео поздравот од минатогодишните стипендисти, Верче Андонова и Костадин Атанасов, ве молиме следете ја оваа youtube врска: https://www.youtube.com/channel/UCm8pvIaiw9nNL-FRIypnUgg

@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT