30 Мај, 2017, Радовиш, МАКЕДОНИЈА. Viktorija Koceva и Gjorgi Steckov беа избрани од страна на организациониот одбор за музичката стипендија Солвеј и членовите на фондот од Салзбуршкиот Фестивал да ја претставуваат Македонија на Салзбуршкиот Оперски Камп за деца и младинци.

Кампот е организиран од страна на Фондот на салзбуршкиот фестивал во соработка со Виенската Филхармонија и со поддршка од Американско-австриската Фондација (ААФ). Ќе се одржи во периодот од 5ти до 11ти Август, 2017, во SchlossArenberg, замок од 19 век сместен во руралната област близу до градот.

За да ја добијат привилегијата да ја претставуваат својата земја на меѓународниот музички настан за млади креативци во Австрија,  Viktorija Koceva и Gjorgi Steckov учествуваа во процесот на апликација за Програмата “Музичка Стипендија Солвеј” и успешно ги поминаа двата дела на елиминација. Во вториот елиминарен дел пријавените ученици требаше да посетуваат 20 неделен курс по англиски јазик, којшто се одвиваше од Декември, 2016, до Јули, 2017, во нивниот град на живеење. Повеќе од 120 млади талентирани ученици, на возраст од 13 до 16 години, од Македонија, Украина и Гватемала покажаа интерес и се пријавија за стипендијата, од кои,  после првиот дел на елиминација, 36 беа избрани да го продолжат патот до “Ѕвездите”. Само на 6 од овие млади ученици (по 2 од секоја држава) им беше доделена целосна стипендија, која што ги покрива патните трошоци со авион, трошоците за виза, сместување, како и образовни и забавни активности за време на нивниот престој во Салзбург.

Во финалниот дел на елиминација пријавените кандидати за стипендијата требаше да изработат видео во траење од 90 секунди, на англиски јазик, за да ги прикажат своите таленти во музичка изведба/ пеење/ играње/ цртање или создавање на применливи уметнички дела, и да опишат зошто ја одбрале оваа уметничка дисциплина. Потоа беа избрани победниците со заедничка одлука на жири комисијата претставувана од Фондот на салзбуршкиот фестивал, креативниот тим на Опера камповите и претседателот на Oдборот на компанијата “Солвеј” (Solway Investment Group). Жири комисијата ја донесе одлуката врз основа на одредени критериуми кои ги земаа во предвид креативноста на кандидатите, нивните комуникативни вештини, нивната вклученост во процесот на изучување на англискиот јазик во текот на вториот дел на елиминација, како и нивното ниво на познавање на англискиот јазик.

Победниците ќе престојуваат една недела (без нивните родители) во замокот Аренберг (Arenberg) каде ќе направат нивна уникатна верзија на операта Воцек (Wozzeck), која се изведува на Фестивалот, а ќе работат со светски познати музички педагози, театарски професионалци, сценски дизајнери и танчери. Тие исто така ќе присуствуваат и на една од пробите, и ќе видат што се случува зад сцената во Grosses Festspielhaus во Hofstallgasse. На крајот од неделата учесниците ќе ја претстават нивната опера пред вистинска публика.

Белешка на уредникот

Меѓународната програма за музичка стипендија Солвеј за млади креативни ученици на возраст од 14 до 17 години е сопствена иницијатива на компанијата Солвеј (Solway Investment Group), меѓународна групација за рударство и метали со седиште во Швајцарија. Програмата за музичка стипендија Солвеј е создадена со цел да ја продлабочи посветеноста на компанијата во обезбедување пристап кон уметностите на млади талентирани ученици. Со оваа програма младите талентирани ученици, од економски недоволно развиените региони каде што работи оваа групација, добиваат шанса да бидат дел од светски најпознатиот класичен фестивал , со тоа што ќе учествуваат во Салзбуршкиот оперски камп за деца и младинци. Солвеј нуди осум-месечна образовна програма која има цел да ги вклучи младите креативци од локалните заедници во модерниот живот преку доживување на уметностите и прилагодување на нивните културни традиции кон реалноста што ја нуди модерниот свет. Стипендијата Солвеј им е понудена на младите членови од фамилиите на вработените во групацијата, во Украина, Македонија и Гватемала. Како резултат на процесот на елиминација од два дела, најдобрите талентирани ученици ќе добијат можност да бидат дел од меѓународната средина на музичкиот камп во Салзбург.

 

© 2020 SOLWAY MUSIC FELLOWSHIP PROGRAM
CREATED BY DOT SHOT