Меѓународен младински камп 

Што ќе се случува  во Салцбург?

Информации за родителите

Учесниците ќе работат заедно за да ја проучат и разберат една од оперите. Ќе ја изучуваат музиката и содржината, и ќе научат како да искажат емоции со помош на оперската уметност. Поканети професионалци ќе им помогнат да создадат свое оперско дело – мало дело. Некои учесници ќе пеат, други ќе танцуваат и играат на сцената, некои ќе свират на музички инструменти, а некои ќе ја подготват театарската сцена и сл.

Учесниците ќе поминат една недела, без нивните родители, во Салцбуршкиот замок. Тие исто така ќе посетуваат проби и ќе отидат зад сцената во театарот Баден-Баден. На крајот на неделата учесниците ќе го претстават своето оперско дело пред публика. Меѓународниот оперски камп за млади на возраст од 14 до 17 години ќе се одвива во август 2020.

Кој е координатор на Solway Music Camp Fellowship и кои се неговите/нејзини одговорности?

Координаторот на Solway Music Camp Fellowship е вработен од консиерж служба од страна на Solway Investment Group. Тие ќе бидат одговорни за подготовката на пристигнувањето на кандидатите и ќе ги придружуваат нив во текот на нивниот престој. Тие зборуваат англиски, германски и руски јазик.

Координаторот ќе биде одговорен за:

  • Консултации во врска со Шенген виза;
  • Обезбедување на оброци, превоз и мобилна комуникација за кандидатите;
  • Комуникација со одделот за човечки ресурси или одделот кој е одговорен за социјален развој и односи во заедницата на соодветната установа. Координаторот исто така ќе ги решава прашањата во врска со патувањето и ќе обезбеди комуникација помеѓу кандидатите и нивните родители;
  • Купување на авионски билети и договарање за придружник на малолетни лица обезбеден од страна на авионската компанија за малолетни лица;
  • Во име на стипендистот ќе одговара како лице за контакт кај осигурителната компанија во случај на болест/незгода;
  • Ќе го придружува кандидатот до некоја медицинска институција во случај на болест/незгода.;

Родителите и одделот за човечки ресурси или одделот кој е одговорен за социјален развој и односи во заедницата на соодветната установа ќе имаат контакт со програмскиот координатор веднаш штом резултатите од натпреварот ќе бидат објавени.

Одделот за човечки ресурси или одделот кој е одговорен за социјален развој и односи во заедницата на соодветната установа ќе ги поддржуваат стипендистите со нивните патнички аранжмани и ќе комуницираат со салцбуршкиот регионален координатор во врска со било каков проблем. Овие оддели ќе бидат и посредници во случај на јазични или други потешкотии.

Јазични курсеви за номинираните стипендисти:

  • Во Македонија и Украина, курсевите се обезбедени од страна на нашиот партнер – онлајн јазичното училиште за англиски јазик «ZaZa». Нивни наставник ќе им одржува онлајн часови на кандидатите за стипендијта и училиштето ќе обезбеди методологија и поддршка за регионалниот наставник.
  • Часовите може да се одржуваат во било која локација или организација која е поддржана од спонзорот – центар на заедницата, уметничко училиште, уметничка институција и др.
  • Според нашиот договор со партнерите од јазичното училиште, часовите по англиски јазик ќе се одржат од јануари 2020 до април 2020. Тие ќе се одржуваат три пати неделно – секој час ќе биде поделен на два дела, секој дел по 45 минути. Првиот дел од часот ќе биде онлајн, а вториот офлајн, со локалниот наставник, тие ќе бидат одржувани од страна на регионалниот наставник кој ќе биде присутен во училницата.
  • Часовите ќе бидат одржувани за ученици чие што ниво на познавање на англискиот јазик не е помалку од А1.1.
  • Учениците од Гватемала ќе бидат подучувани од страна на регионален наставник, кој има меѓународен сертификат, и ќе биде присутен во училницата.
  • Регионалниот наставник ќе биде присутен и за време на Skype-часовите, ќе го контролира присуството на учениците, ќе им ги проверува домашните работи, ќе го организира распоредот за онлајн часовите, ќе врши консултација со учениците после онлајн часовите и еднаш во четири недели ќе пишува извештај за образовниот напредок.
  • Откако ќе го завршат јазичниот курс нивото на познавање на јазикот на ученикот не треба да е помалку од Б1.1.
  • На учениците не им е дозволено да се отсутни на повеќе од 20% од наставата, бидејќи во спротивно ја губат можноста да ја добијат стипендијата.
  • Финалната задача за ученикот ќе биде да сними видео со времетраење од 90 секунди на англиски јазик. Во ова видео ученикот треба да се претстави себеси, да ги прикаже своите креативни вештини и да ги потенцира своите очекувања за музичкиот камп.
  • Оние ученици кои ќе добијат сипендија ќе треба да завршат интензивен курс по англиски јазик – четири часови по 90 минути неделно, во текот на 4 недели.
@CREATIVE.FELLOWSHIP 2021-2022
CREATED BY DOT SHOT